Српските компании со возниот парк на возилата сега можат да ги искористат предностите на функциите за следење и управување на Фротком.

Ivan Blagojevic from Frotcom Serbia and Trajche Nikolov from Frotcom North Macedonia.
Широкото искуство стекнато на македонскиот пазар, го натера Драган Костовски, извршен директор на Фротком Северна Македонија, да го лансира Фротком во Србија.
Драган веќе помина многу години во промовирање и маркетинг на Фротком во Северна Македонија. По анализата на телематските компании на српскиот пазар, Драган заклучи дека карактеристиките што ги дава Фротком ќе бидат конкурентно средство за намалување на трошоците, зголемување на продуктивноста и безбедноста, меѓу другите.
Активноста започна на вистинскиот пат, со официјалното претставување на Фротком Србија на ,,Годишниот состанок на транспортните компании од Западна Србија’’ чиј домаќин беше Србија транспорт во Пријеполе (Западна Србија), на 23 Јануари. Покрај материјалите, достапни на штандот ,,Фротком’’, беше направена и 10 минутна презентација на сите учесници за Фротком и за тоа како транспортните компании можат да извлечат максимум од оваа ГПС-алатка за следење и управување со флотата.
Според Трајче Николов од Фротком Северна Македонија, кој присуствуваше на годишната средба да и даде поддршка на Фротком Србија, овој настан е ,,Спакуван со толку многу знаење и одлични говорници, задржувајќи рамнотежа помеѓу истражувањето, аналитиката и законот. Накратко, тоа е извор на инспирација. Овие конференции се клучни за да се обезбеди разбирање на предизвиците со кои се соочуваат транспортните компании во моментов, конкуренцијата и можноста да се истакнат пред нив. Ова е одлична можност да се изложат професионалните решенија и можности на Фротком што ќе ги исполнуваат сите нивни потреби’’.
Доколку сакате да добиете предлог за вашиот возен парк на возила контактирајте со член од нашиот тим.
Post tags:
- Фротком
- Фротком сертифициран партнер
- решение за управување со возниот парк
- GPS следење на возила
- Фротком Северна Македонија
- Фротком Србија