Најдобри практики за управување со мултинационална флота за хуманитарна помош
Tue, 22/12/2020 - 08:11
Вести и настани
Ако управувате со мултинационална флота на невладина организација (НВО), еве неколку најдобри практики за решавање на проблемите и претворање на вашата глобална флота во глобален успех.

Управувањето со мултинационална флота е секогаш предизвикувачко, особено кога се повикувате на флоти на невладина организација (НВО), кои имаат уникатни предизвици и комплексности. Со одговорност да се обезбеди хуманитарна помош на најефикасен можен начин и секогаш имајќи ги предвид локалните потреби на секоја земја.
Управувањето со мултинационална флота на невладини организации, бара специфично знаење за бизнисот, културата и владините обичаи во секој регион каде возилата на флотата треба да ги достават потребните добра. Исто така, потребно е внимателно управување со направените донации за да се гарантира дека тие главно се применуваат во храна, лекови и образование, наместо да се користат во прекумерни трошоци за одржување на гориво или возен парк.
Ако управувате со мултинационална флота во хуманитарниот сектор, еве неколку најдобри практики за решавање проблеми и претворање на вашата глобална флота во светски успех:
- Делувајте локално, според секоја земја и нејзината култура;
- Дефинирајте глобална политика за управување со возниот парк со локални барања;
- Анализирајте ги трошоците за набавка на возила и секогаш размислете за најевтиниот начин за тоа;
- Консолидирајте ги напорите со работа со внатрешни и надворешни заинтересирани страни, усогласена со солиден стратешки план и посветена на доставување резултати;
- Воспоставете глобални цели преку креирање на регионални извештаи за проценка на различни линии на деловни активности и географии;
- Запознајте ги засегнатите страни и имајте критичко размислување при донесување одлуки.
Со користење на Фротком, мултинационалните компании имаат можност да го поедностават работењето на глобално ниво, без потреба да ангажираат бројни компании за управување со возниот парк за да ги задоволат потребите на нивните флоти во секоја земја со која работат.
Ако сакате да дознаете повеќе за тоа како Фротком може да ви помогне да управувате со вашата мултинационална флота, контактирајте член на нашиот тим.
Post tags:
- Фротком
- Најдобри практики
- Систем за управување со возен псрк
- управување со возен парк
- Mенаџер на возен парк
- Бизнис решенија
- операции на возен прк
- Заштеди на трошоците
- Продуктивност
- Невладини организации
- невладина организација