Се поголемиот тим и се поголемата побарувачка за работа ги поставија потребите за поголеми и подобри услови.

Ние оваа година ја славиме 20 годишнинатаа од првото издание на Фротком, и не постои ништо како преместување на канцеларијата и поставување на нови капацитети за подобра поддршка на нашата растечка база на клиенти. Нашата нова канцеларија во Карнаксиде, Португалија, е недалеку од центарот во Лисабон, и се наоѓа во една од главните логистички оски околу Португалскиот главен град.
Нашите вработени се префрлени во повеќе модерни и професионални капацитети во зградата на наградуваниот „Рамацоти“, антиципирајќи го континуираниот раст на компанијата и проширување на бизнис понудата.
Работевме рака под рака со компанијата за дизајн не само за да создадеме поефикасен и модерен простор, но исто така и она што се одразува на имиџот на брендот и основните вредности на Фротком.

Покрај тоа, ние сега имаме функционално-ориентирани места како што се новите одлични студија или звучните кабини кои може да се користат во текот на телефонски или повици преку Скајп, или зоните за пауза за повеќе секојдневни разговори.Ова значи дека комуникацијата и координацијата ќе станат полесни и попријатни.
На крај, целта сеуште е иста: да продолжува да се развива тимот со цел да се обезбеди постојано подобра услуга на партнерите и корисниците на Фротком."
Post tags:
- Фротком
- Интелигентни возни паркови
- Edifício Ramazzotti
- следење на возила
- управување со возен парк
- Нова канцеларија