Фротком помага компанијата Дивна да се придржува кон Далечинско превземање на Тахограф и законски прописи
Thu, 25/07/2019 - 11:48
Вести и настани
Дивна го избира Фротком за да обезбеди правилно превземање на податоците од тахографот, а притоа заштедувајќи време и пари.

Дивна бараше сериозен ГПС систем за следење на возила и систем за управување со возниот парк кои ја прават својата работа значително полесна. Имаше неколку клучни цели и предизвици со кои требаше да се надмине решението, како што се:
- 24 часовно следење на позициите на камионот
- Можност за интеракција со сите нивни возачи
- Способност да се предвиди времето за пристигнување и растоварање кое му овозможува на тимот да планира за претовар
- Способност да се намали потрошеното гориво (особено во услови на зголемување на цените на горивото)
- Обезбедување на почитување на тахографот со преземање на законските прописи и со тоа избегнување на казнените трошоци

Далечинското превземање на тахографски податоци, исто така, беше од огромна корист. Тоа значи дека нема потреба да одите од камион во камион за да ја преземете масовната меморија на тахографот и тахографските картички на возачот. Навистина, камионите дури и не треба да се враќаат во Македонија толку често.
Решението за далечинско преземање на тахограф може автоматски да се конфигурира за да се преземат датотеките на тахографите и датотеките со картички на возачот според распоредот. Може да се дефинираат различни распореди за преземање на податоците на тахографот и податоци за картичката на возачот.
Менаџерскиот тим може да биде свесен за крајниот рок за преземање во форма на аларм од софтверот Фротком. Решението исто така ги известува корисниците кога податоците не се превземени за секој камион и возач.
Со ова, Дивна е усогласена со законодавството на ЕУ. Податоците се преземаат безбедно од секое возило до Фротком, придржувајќи се кон прописите на ЕУ тахограф и како такво, избегнувајќи ги огромните казни за задоцнетите преземања.

Фротком, исто така, им овозможува на Дивна да провери како се движи секој камион, земајќи го во предвид однесувањето на возачот, следењето на брзината, сопирање и забрзувања.
Раководниот тим на Фротком може да ги анализира условите на камионот и да ги намали трошоците за гориво и одржување соодветно, помагајќи им исплонување на бизнис цели.
Генерално, производот на Фротком значеше дека Дивна е во состојба да им даде на своите клиенти детални информации, зацврстувајќи го своето место како сериозна и професионална транспортна компанија
Post tags:
- Фротком
- Систем за управување со возен псрк
- Далечинско преземање тахографски датотеки
- GPS следење на возила
- Заштеда на гориво
- Заштеди на трошоците
- Divna