Ограничувања во Белите листи со користење на класи за возачка дозвола
Fri, 24/04/2020 - 10:53
Вести и настани
Фротком неодамна ја ажурираше својата функција на белите листи со тоа што овозможува воведување на возачи во бели листи врз основа на класи за возачка дозвола.
Со белата листа, можете да конфигурирате список на дозволени возачи кои, со идентификација во возилото, користејќи iButton или РФИД картичка, ќе го отклучат имобилизаторот автоматски и, според тоа, може да го вклучат палењето. Белата листа може да се конфигурира независно за секое возило.
Покрај тоа, белите листи може да се користат и како начин да се запре звучниот сигнал на возилото откако ќе застане. На пример, можете да конфигурирате сензор за врата за да поставите аларм кога вратата на камионот е отворена, а само овластен (бела листа) возач може да го исклучи звучниот сигнал.
Со оваа неодамнешна надградба, од сега, можете да ги користите класите за возачка дозвола за да ги ограничите возилата на вашата флота на возачите со одреден сет на валидни класи на возачка дозвола. На пример, можете да ги користите ограничувањата на возачката дозвола само за да дозволите возило да биде управувано од возачи со важечка Б дозвола или дозвола за тешки возила.
Доколку сакате повеќе информации во врска со ова и другите карактеристики на Фротком, ве молиме контактирјате не.
Post tags:
- Бели листи
- Класи за возачка дозвола
- Фротком
- решение за управување со возниот парк
- Интелигентни возни паркови