Камионите се најголема мета на кражба според годишниот извештај за глобалните кражби на товар
Wed, 09/10/2019 - 10:34
Вести и настани
Недостаток на сигурно паркирање ги става камионите на голем ризик од „сечење и грабнување“ кражби според овој извештај на BSI & TT Club.

Во извештајот се утврдува дека камионите се најголема мета на кражби со овој модалитет кои претставуваат значајни осумдесет и четири проценти (84%) од кражбите на глобално ниво, во споредба со кражбите на магацини или објекти. Криминалците кои ги пресекуваат меките платна на камионите за да украдат стока, извршуваат дваесет и седум проценти (27%) од глобалните кражби на товар. Ваквите напади лесно можат да се случат заради недостаток на безбедни места за паркирање на камиони.
Особено во Европа, недостигот од паркинзи за камиони е најголем фактор за кражби на товар. Навистина, педесет проценти (50%) од кражбите на товар низ цела Европа се вршат преку методот „сечење и грабнување“ бидејќи камионите се принудени да паркираат во ранливите области. Големиот број платнени приколки што ги користат овие земји, исто така, ги влошува работите. Велика Британија, наводно, е најлоша земја во Европа за кражби на товар, што претставува осумдесет и шест проценти (86%) и Германија е на другиот крај на спектарот со четири проценти (4%).
BSI и ТТ Клуб исто така откриле дека иако Европа е помалку подложна на одземање (кражба) на камиони, ваквите напади најверојатно се случуваат во Италија.
Кражбата на товар е голем бизнис за криминалците; просечната вредност на кражбата е најголема во Јужна Америка со украдена стока од 77.000 американски долари, а потоа следат Европа (59.866 долари), Северна Америка (58.500 долари) и Азија (18.923 долари). Најпопуларните цели вклучуваат храна и пијалоци и алкохол и тутун со 30%.
Во извештајот се нагласува уште поголем ризик за логистичкиот сектор со тенденција за грабежи да се вклучат луѓе одвнатре или блиски до компании. Спротивно на тоа, надворешните закани се намалија во последниве години, како резултат на зголемена дополнителна безбедност.
Како што е наведено во неодамнешната студија од Европската комисија, мора да се преземат мерки за подобрување на мрежата на сигурни и безбедни места за паркирање (SSTPA) за камиони а со тоа и намалувње на кражбите.
Post tags:
- Кражба на товар
- Кражба на камионуи
- Сигурни и безбедни места за паркирање на камиони
- SSTPA
- Логистика
- Патен транспорт