Контрола на температурата

За превоз на стока чувствителна на температура.

Увидувате на местото на испорака дека температура не била точна во разладуваниот дел во текот на дел од патувањето, а тоа не сте го откриле навреме. Клиентот ја проверува температурната крива регистрирана од термографот во вашата полуприколка и не ја прифаќа нарачката. Останувате со цел камион полн скапана замрзната храна.

Следењето на температурите во текот на превозот е суштинско и задолжително барање за многу индустрии. Всушност, системите за следење на температурата се сега стандарден дел од спецификациите за превоз под контролирана температура и се законски пропишани во многу земји.

Со „фротком“, може да ја следите температурата на вашиот товар. Само изберете едно од двете можни решенија: безжичен сензор што можете едноставно да го инсталирате и да го користите во цврсти единици или одвоиви приколки, без да се малтретирате со жични инсталации; или едноставен жичен сензор за возилата во кои сензорот може да се инсталира во истиот оддел каде што се наоѓа ГПС-локаторот.

Во секој случај, следењето на температурата е совршено дополнување на постојниот термограф што веројатно веќе го имате во вашата полуприколка. Ќе ја проверува температурата и ќе праќа информации директно во податочниот центар на „фротком“. Всушност, „фротком“ може да оствари интерфејс директно со некои термографи, без да се инсталираат дополнителни температурни сензори.

Ќе може да поставувате аларми и да генерирате извештаи врз основа на податоците добиени од сензорот за температура, што ќе ви овозможи да реагирате брзо и веројатно да го спасите товарот ако температурата варира надвор од границите.

Инсталирани се еден или повеќе сензори за температура во товарниот дел на вашите возила.  

Секој сензор за температура ја мери температурата со отпорен термометар. Внатрешниот отпор на електричното коло на сензорот зависи од неговата температура. Колку е повисока температурата, толку е поголем отпорот и обратно. Потоа овој ефект го користи преносно електронско коло што ги претвора измените во отворот во промени во излезната волтажа. Кога сензорот ќе се пренесе безжично во влез на ГПС/ГПРС-уредот на „фротком“ (опција А) или ќе се поврзе со жица со истиот влез  (опција Б), се забележуваат измените во волтажата, се конвертираат и се пренесуваат во податочниот центар на „фротком“. 

Точноста е во рамките на ±0.5 °C. Кога сензорот ќе се поврзе со уредот „фротком“ во возилото, температурата се следи безжично, а забележаните отстапувања веднаш се пренесуваат во центарот за податоци на „фротком“.

Главни карактеристики
● Целосно управување со температурата 
● Целосна заштита на замрзната и расиплива стока, како и на жива стока на долги патувања
● Итни предупредувања кога температурата е надвор од опсегот; возачот ќе биде предупреден и може да ја поправи ситуацијата навремено
● Табелите во „фротком“ за движењето на температурата може да се користат како доказ дека температурата е во точниот опсег.

Контактирајте не
Спречете оштетување на товар и побарувања.

Бенефиции

Дејствувајте веднаш!

Веднаш ќе добиете знаци за претпазливост кога температурата варира надвор од границите.

Квалитетни услуги за клиентите

Избегнете  да ги налутите клиентите чија стока била уништена затоа што била изложена на неточна температура.

Заштедете пари

Избегнувајте обврски да ја замените скапаната стока или да ги обесштетите вашите клиенти; „фротком“ ви дава вистинска заштита против уништување на стоката што се расипува поради неточна температура.

Почитувајте ги законите

Проверете дали вашата фирма ги почитува важечките закони за контрола на температурата.

Devices and accessories

Безжичен сензор за температура
Model:
ВВТС-1 (WTS-1)
WTS-1 - Wireless temperature sensor - Frotcom

Лесно се инсталира безжичниот сензор за температура. Пренесува информација за температурата во делот за товарање преку радио фреквенција.

Жичен сензор за температура
Model:
ТС-1 (TS-1)
TS-1 - Wired temperature sensor - Frotcom

Сензорот за температура известува за температурата во делот за товарање во возилото или во полуприколката.

Sonae - Portugal

„Со 'фротком' може да се оптимизира превозот, да се зголеми безбедноста на производите што се превезуваат и да се контролира температурата на расипливите производи“.

Касимиро Фереира (Casimiro Ferreira)
Директор
-
Sonae - Portugal